САУДИСКА АРАБИЈА ГИ ИЗЛОЖИ ДОКАЗИТЕ ДЕКА ИРАН СТОИ ЗАД НАПАДИТЕ НА НЕЈЗИНИТЕ НАФТЕНИ ПОГОНИ

    САУДИСКА АРАБИЈА ГИ ИЗЛОЖИ ДОКАЗИТЕ ДЕКА ИРАН СТОИ ЗАД НАПАДИТЕ НА НЕЈЗИНИТЕ НАФТЕНИ ПОГОНИНападот бил изведен со 18 дронови и седум проектили (Фото: Ројтерс)

    Министерот за одбрана на Саудиска Арабија изложи остатоци од дронови и проектили за кои вели дека ја докажуваат вмешаноста на Иран во нападите на нејзините два нафтени погона изминатиот викенд.

    Тој кажа дека 18 дронови и седум проектили биле лансирани од насока која го исклучува Јемен, иако хутските бунтовници, кои се поддржани од Техеран, тврдат дека тие ги извеле нападите.

    Иран уште еднаш ги демантираше обвинувањата и се закани дека ќе возврати на секоја воена акција.

    „Овие остатоци покажуваат дека нападите биле лансирани од северот и без сомнение се спонзорирани од Иран. Податоците што ги издвоивме од компјутерите на едно од беспилотните летала покажуваат дека тоа е иранско. Засега сѐ уште работиме на тоа да ја утврдиме точната точка на лансирањето“, изјави министерот Турки ал-Малики.

    Според него, 18 дронови го гаѓале нафтениот погон во Абкаик, а биле истрелани и седум проектили, од кои четири го погодиле нафтеното поле во Кураис.

    Во исто време, Доналд Трамп изјави дека наредил да се засилат санкциите кон Иран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира