ОПШТИНА ШТИП ПРИФАТИ ПАСТРМАЛИИТЕ ДА БИДАТ ЗА 30 ДЕНАРИ ПОСКАПИ НА 13. „ШТИПСКА ПАСТРМАЛИЈАДА“

    ОПШТИНА ШТИП ПРИФАТИ ПАСТРМАЛИИТЕ ДА БИДАТ ЗА 30 ДЕНАРИ ПОСКАПИ НА 13. „ШТИПСКА ПАСТРМАЛИЈАДА“„Штипската пастрмалијада“ ќе трае од денеска до недела (Фото: СДК.МК)

    Гурманите од земјата и од странство кои викендов ќе го посетат 13. издание на манифестацијата „Штипска пастрмалијада“ ќе мора да платат 150 денари за да го пробаат брендираниот домашен специјалитет, цена која за разлика од лани и претходните неколку години е повисока за 30 денари.

    Ваквиот предлог на угостителите бил прифатен и од организаторот на манифестацијата, Општина Штип, кој, пак, од нив побарал да служат пастрмалија според договорените стандарди, 260 грама тесто и 150 грама месо испечени на штипски начин во фурна на струја, по можност на дрва.

    „Дали угостителите ќе се придржуваат на овој стандард, не знам, но знам дека некои од нив подготвуваат пастрмалии по цена од 100 и 110 денари за мала и 130 денари за голема. Во некои кафеани таа чини од 150 до 200 денари“, велат браќата Методи и Ристо Басарови, кои планираат да је реактивираат нивната стара фурна на дрва.

    Тие велат дека во времето на нивниот татко, кога фурната „Басара“ работела со полна пареа, стандардите биле 250-300 грама месо и аналогно на тоа и тежината на тестото. Тогаш таквите пастрмалии ги викале „нормални“, а малку поголемите „швајцувани“. Месото се носело од странките, а фурните го подготвувале тестото и ги печеле.

    И оваа година, „Штипската пастрмалијада“ ќе трае три дена, од денеска до недела, кај кружниот тек „Дујле“.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира