Кривичниот суд денеска донесе ослободителна пресуда за лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, кој беше обвинет за помагање убиство во случајот „Ровер“ како тогашен министер за внатрешни работи.
Ослободителна пресуда за двојното убиство на Марјан Тушевски и Киро Јанев кое што се случи во скопски Капиштец пред 18 години, добија и обвинетите од МВР: Горан Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ, Гоце Митревски, Никола Негриевски и Вук Вукичевиќ. Пензионираниот началник Негриевски се расплака во судницата по изрекувањето на пресуда. Шестмината се товареа дека имале информации за убиството, но не презеле ништо.
Обвинетите за извршување на убиството, тројцата српски државјани Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ, како и веќе починатиот Предраг Чубрило добија доживотни затворски казни. Ова е трета пресуда за предметот откако во претходните два случаи Апелациониот суд го враќаше предметот на повторно судење.
С. К. ДЕЛЕВСКА