Тројца научници заслужни за развојот на литиум-јонската батерија се добитници на годинашната Нобелова награда за хемија.
Џон Гудинаф, Ем Стенли Витингам и Акира Јошино ќе ја поделат наградата за нивната работа на овие уреди кои денес имаат широка примена во преносната електроника. На 97-годишна возраст, Гудинаф станува најстар добитник на Нобелова награда.
Литиум-јонските батерии се лесни и моќни батерии што одново можат да се полнат и кои денес се користат во сѐ и сешто, од мобилни телефони преку лаптопи до електрични возила.
„Овој уред создаде свет што постојано може да се полни“, се вели во појаснувањето на Нобеловиот комитет на Шведската кралска академија.