КРИУМЧАРОТ НА МИГРАНТИ КОЈ ИМ ИЗБЕГА НА ЗАТВОРСКИТЕ ЧУВАРИ ФАТЕН КАЈ ЛИПКОВСКОТО СЕЛО ПРЕСНИЦА

    КРИУМЧАРОТ НА МИГРАНТИ КОЈ ИМ ИЗБЕГА НА ЗАТВОРСКИТЕ ЧУВАРИ ФАТЕН КАЈ ЛИПКОВСКОТО СЕЛО ПРЕСНИЦАОсуденикот за разбојништво, криумчарење мигранти и предизвикување општа опасност, утринава на враќање од Клиничкиот центар им избега на двајца чувари од затворот „Идризово“ во Автокоманда во Скопје, кога тие си купувале сендвичи, а му нарачале и на затвореникот во комбето; - Затворот „Идризово“. (Фото: СДК.МК)

    Кај село Пресница, Oпштина Липково, денеска околу 17.30 часот полицијата го фатила избеганиот затвореник Фидан Асани.

    Асани, осуденик за разбојништво, криумчарење мигранти и предизвикување општа опасност, утринава на враќање од Клиничкиот центар им избега на двајца чувари од затворот „Идризово“ во Автокоманда во Скопје, кога тие си купувале сендвичи, а му нарачале и на затвореникот во комбето.

    Асани ја искористил можноста дека затворското возило не било заклучено и спокојно си побегнал.

    Двајцата затворски чувари се суспендирани, кажа веднаш директорот на затворот „Идризово“ Боби Мојсоски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира