МИСТЕРИОЗНО СУШТЕСТВО БЕЗ МОЗОК, НО СО 720 ПОЛОВИ ПРЕТСТАВЕНО ВО ПАРИЗ

    МИСТЕРИОЗНО СУШТЕСТВО БЕЗ МОЗОК, НО СО 720 ПОЛОВИ ПРЕТСТАВЕНО ВО ПАРИЗБлобот не е растение, но не се знае дали е габа или животно (Фото: Ројтерс)

    Зоолошката градина во Париз претстави мистериозен нов организам што го нарече блоб, мало жолтеникаво едноклеточно суштество кое наликува на габа, но се однесува како животно.

    Најновиот член на градината нема уста, желудник и очи, но може да детектира храна и да ја вари. Блобот има речиси 720 полови, може да се движи без нозе и крилја и заздравува сам од себе две минути откако ќе се пресече.

    „Блобот е живо суштество кое припаѓа на мистериите на природата. Тоа нѐ вчудовиди бидејќи нема мозок, а е способно да учи“, изјави Бруно Давид, директорот на Природонаучниот музеј во Париз.

    Името блоб е позајмено од култниот истоимен научно-фантастичен филм од 1958 година, во кој вонземска форма на живот јаде сѐ на својот пат во мал град во Пенсилванија.

    „Со сигурност знаеме дека не е растение, но не знаеме дали е габа или животно. Се однесува многу чудно за нешто што наликува на габа“, додаде Давид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира