Триесет и девет лешеви се пронајдени во приколката на камион во Есекс, Англија, потврди полицијата.
Возачот на камионот, 25-годишен маж од Северна Ирска, е уапсен под сомнеж дека извршил убиство.
„Првите испитувања покажуваат дека починале 38 возрасни лица и еден тинејџер. Идентификувањето на жртвите ќе биде долг процес“, соопшти полицијата на Есекс.
Камионот дошол од Бугарија и влегол во Велика Британија во саботата. Телата се откриени во индустриската зона во Грејс, Есекс.