КАТИЦА ЈАНЕВА Е НА БОЛЕДУВАЊЕ ОД 16 ЈУЛИ

    КАТИЦА ЈАНЕВА Е НА БОЛЕДУВАЊЕ ОД 16 ЈУЛИИстиот ден кога ја депонираше оставката, на Јанева ѝ беше одземен телефонот по налог на Обвинителството за организиран криминал и корупција. - Специјалната обвинителка Катица Јанева (Фото: СДК.МК)

    Специјалната обвинителка Катица Јанева е на боледување од 16 јули, потврдија од Специјалното јавно обвинителство за државната агенција МИА. Таа отворила боледување еден ден од откако соопшти дека депонира оставка.

    Во оставката, таа кажа дека нема да дозволи нејзиното име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на земјата. Како што напиша Јанева, оставката ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение за СЈО и ќе го изберат нејзиниот наследник.

    Истиот ден кога ја депонираше оставката, на Јанева ѝ беше одземен телефонот по налог на Обвинителството за организиран криминал и корупција за потребите на истрагата во која беа уапсени Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец.

    Обвинителката Вилма Рускоска тогаш рече дека телефонот е одземен за да се види комуникацијата меѓу Јанева и осомничениот Боки 13.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари