10 МЕСЕЦИ ПО ПОПЛАВИТЕ ЗАПОЧНА САНАЦИЈАТА НА МОСТОТ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА КАЈ СЕЛОТО ДОЛНИ БАЛВАН

    10 МЕСЕЦИ ПО ПОПЛАВИТЕ ЗАПОЧНА САНАЦИЈАТА НА МОСТОТ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА КАЈ СЕЛОТО ДОЛНИ БАЛВАНОд денеска па до крајот на ноември ќе трае санацијата на мостот на реката Брегалница кај селото Долни Балван, а дотогаш мостот ќе биде забранет за сообраќај. (Фото: СДК.МК)

    По оштетувањето на мостот на реката Брегалница кај селото Долни Балван што се случи пред 10 месеци од големите поплави што ја зафати Источна Македонија, Општина Карбинци денеска почна со санацијата на оштетениот мост.

    „Според проектот ќе се реконструира само оштетениот столб и горната подлога на мостот која е попуштена. Санацијата ќе чини 10 милиони денари од кои 5.800.000 денари се средства од Министерството за локална самоуправа, останатото е дел на Општина Карбинци“ вели градоначалникот Виктор Паунов.

    Министерот за локална самоуправа Горан Милевски кој присуствуваше на почетокот на санацијата рече дека инвестицијата која е од програмата за диспаритети е мала, но е значајна со оглед на важноста на овој мост кој е најглавната комуникација на Карбинци со останатите општини во регионот.

    Според планот работите треба да завршат најдоцна до крајот на месец ноември што значи мостот кој е главна сообраќајница на Општината Карбинци со останатите општини во регионот ќер биде затворен за сообраќајот. Мостот и досега беше забранет за употреба, но возачите самоволно преминуваа преку блокадите и минуваа мостот. Од тие причини мостот уште повеќе попушти за разлика од првобитното оштетување.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира