14 ОД 23 СОВЕТНИЦИ ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС СЕ ЖЕНИ, ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ИЗБРАН ДАНИЕЛ ЈАНЕВСКИ

    14 ОД 23 СОВЕТНИЦИ ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС СЕ ЖЕНИ, ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ИЗБРАН ДАНИЕЛ ЈАНЕВСКИНовиот Совет на Општина Велес беше конституиран вчера. (Фото: СДК.МК)

    Новиот Совет на Општина Велес, кој беше конституиран вчера, брои 23 члена, од нив 14 се жени.

    „Ова покажува дека жените, освен што се успешни сопруги, мајки и вработени, можат и успешно да го менаџираат развојот на Велес“, кажа д-р  Лили Чолакова-Дервишова, за која ова е втор мандат како членка на Советот.

    Денеска беше избран и претседател на Советот, Даниел Јаневски, кој оваа функција ја вршеше и во претходниот мандат, кога го замени актерот Зоран Љутков откако тој стана министер за култура. Јаневски доби 20 гласа од присутните 23 советници. Не гласаа тројцата советници од Левица, додека тројцата советници од СДСМ и советникот од ЗНАМ гласаа „за“.

    „Ова за мене не е само чест, туку и голема обврска да продолжам со работа која ќе биде во служба на граѓаните и во интерес на развојот на општината. Да донесеме одлуки кои се реални и корисни за Велес. Горд сум што претходниот Совет функциониреше во духот на демократскиот процес. Во новиот мандат да ја унапредиме соработката со граѓаните, месните заедници и институциите и да носиме одлуки кои ќе го унапредуваат животот во секој дел на општината. Да разговараме за проекти а најмалку за политика“, кажа  Јаневски.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира