17 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ТУРСКИОТ ДРЖАВЈАНИН КОЈ ЗАСТРЕЛА СОНАРОДНИК ВО ШТИП, ОДЛУЧИ ШТИПСКИОТ СУД

    17 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ТУРСКИОТ ДРЖАВЈАНИН КОЈ ЗАСТРЕЛА СОНАРОДНИК ВО ШТИП, ОДЛУЧИ ШТИПСКИОТ СУДЗа неговите четворица сонародници кои му помагале при извршувањето на делото судскиот процес ќе продолжи на 20 јануaри (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд во Штип на 17 години затвор го осуди турскиот државјанин Кадир Кара (21) кој на 8 мај 2025 уби сонародник во угостителски објект во Штип. Тој беше обвинет за две кривични дела, убиство и за неовластено изработување и држење оружје и експлозивни материјали.

    Портпаролот на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев, изјави дека обвинетиот признал вина за двете кривични дела, по што судот донел пресуда да биде осуден на 17 години затвор и по издржувањетпо на казната да биде протеран од Македонија.

    За неговите четворица сонародници кои му помагале при извршувањето на делото и кои заедно со него неколку месеци беа во притвор во затворот кај Куманово, судскиот процес ќе продолжи на 20 јануaри во Штип.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира