170 УМЕТНИЦИ ОД ТЕАТРИТЕ И ЦЕНТРИТЕ ЗА КУЛТУРА СЕ ВРАБОТИЈА НА НЕОПРЕДЕЛНО ВРЕМЕ, СО ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КУЛТУРА

    170 УМЕТНИЦИ ОД ТЕАТРИТЕ И ЦЕНТРИТЕ ЗА КУЛТУРА СЕ ВРАБОТИЈА НА НЕОПРЕДЕЛНО ВРЕМЕ, СО ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КУЛТУРАБлагојчо Стојанов, Симона Димкоска и Исидор Јовановски се глумците од Велешкиот театар кои добија решенија за вработување на неопределено време. (Фото: СДК. МК)

    Симона Димкоска, Исидор Јовановски и Благојчо Стојанов се тројца актери на Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ кои се меѓу 170-те уметници во Македонија кои пред истекот на 2024 добија трансформација на работното место од определено на неопределно работно време.

    Дел од вработените во Центрите за култура и театрите во Македонија биле на определено време и нивниот статус завршувал на крајот на 2024. Но, со промените на Законот за култура пред крајот на минатата година, од Министерството за култура успеале да ги трансформираат нивните работни места, од одредено на неодредено работно време.

    „Со измените на Законот култура кои ги предложивме, со брз чекор, на 170 уметници од А категорија на кои им висеше нивното работно место, можеа да ги изгубат работните позиции, успеавме на крајот на 2024 во последен момент да ги трансформираме со помош на пратениците во Собранието, кои ги изгласаа промените. Така, конечно овие 170 носители на дејност добија статус уметници на неопределено работно време“, рече министерот Зоран Љутков при вчерашната посета на Велешкиот театар.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира