18 ПРИТВОРЕНИЦИ ЕВАКУИРАНИ ВО ДРУГИ ЗАТВОРИ ПО ПОЖАРОТ ВО БИТОЛСКИОТ ЗАТВОР

    18 ПРИТВОРЕНИЦИ ЕВАКУИРАНИ ВО ДРУГИ ЗАТВОРИ ПО ПОЖАРОТ ВО БИТОЛСКИОТ ЗАТВОРПритворениците се преместени во во Затвор-Скопје и во Затвор-Охрид. (Фото: СДК.МК)

    Сите притворени лица во затворот во Битола по синоќешниот пожар во Притворското одделение, согласно наредбите на надлежните судови, биле преместени во други притворски одделенија во Затвор-Скопје и во Затвор-Охрид, со полициска асистенција, соопштија од Управата за извршување санкции.

    Од таму потврдија дека вчера во период околу 19 часот и 20 минути во Затвор-Битола избил пожар во Притворското одделение. Службените лица од затворот најпрво со противпожарни апарати пробале самите да го изгасат пожарот. Но, бидејќи не успеале веднаш почнале со евакуација на 18 притворени лица кон шеталиштето за притворени и повикале надворешно обезбедување од СВР Битола, Пожарна и Брза помош. Пожарот бил за кратко време локализиран.

    Дел од вработените биле упатени на превентивни прегледи во Клиничката болница во Битола, при што, за среќа, нема повредени притворени и вработени лица од Установата.

    Од Управата кажаа дека надлежните истражни органи дополнително ќе ги утврдуваат можните причинители за пожарот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира