180 УЧЕСНИЦИ НА НАЦИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ПО РОБОТИКА ВО ШТИП, ПОБЕДНИКОТ ЌЕ ОДИ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО САД

    180 УЧЕСНИЦИ НА НАЦИОНАЛНИОТ НАТПРЕВАР ПО РОБОТИКА ВО ШТИП, ПОБЕДНИКОТ ЌЕ ОДИ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО САДНатпреварите се одржуваат во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип. (Фото: СДК.МК)

    Денеска во Штип се одржува завршницата од Фирст Лего лигата на Македонија. На овој шести по ред национален натпревар по едукативна роботика учествуваат 22 екипи со 180 учесници од 6 до 16 години, поделени во две групи, помалата од 6 до 10 години и од 10 до 16 години поголемата група роботичари.

    „Тимот што ќе победи оваа година ќе учествува на светското првенство кое ќе се одржи во Масачусетс САД од 7-9 јуни. Нашата едукативна асоцијација успеа да прати уште една екипа на меѓународниот натпревар во Грција кој ќе се одржи 9 и 10 март во Солун“ вели претседателот на Фирст Лего лигата на Македонија, Гордан Анастасов.

    Натпреварите се одржуваат во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип, а со оглед на масовноста и големиот број учесници резултатите ќе бидат познати до крајот на денот кога ќе бидат доделени признанијата на најдобрите.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира