20 ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ВЕЛЕС – ШТИП

    20 ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ВЕЛЕС – ШТИПВо автобусот се возеле работници од Штип за фабриката Ван Хол, потврдија од СВР Велес. (Фото: СДК.МК)

    Дваесет патници се примени на Хируршкото одделение во болницата во Велес, но нивните повреди не се животозагрозувачки, изјави портпаролот на ЈЗУ Општа Болница Велес, Весна Лазаревска, откако се судрија автобус и камион на магистралниот пат Велес-Штип, на влезот во Каратманово.

    Оштетенииот камион од сообраќајката на патот Велес-Штип. (Фото: СДК.МК)

    Сообраќајката се случила околу 13 часот. Во автобусот се превезувале работници. Во болницата велат дека се следи состојбата на повредените.

    Од велешката полиција изјавија дека во автобусот биле работници од Штип за фабриката Ван Хол.

    П. ПЕЧКОВ

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира