200 КИЛА МАРИХУАНА ЗАПЛЕНЕТИ ВО ОХРИД, ШВЕРЦЕРОТ ИЗБЕГАЛ СО КАЈЧЕ

    200 КИЛА МАРИХУАНА ЗАПЛЕНЕТИ ВО ОХРИД, ШВЕРЦЕРОТ ИЗБЕГАЛ СО КАЈЧЕМарихуаната е запленета на стариот пат од Охрид за Струга близу местото каде што реката Сатеска се влева во Охридското Езеро. (Фото: СДК.МК)

    Синоќа околу полноќ, на стариот пат од Охрид за Струга близу местото каде што реката Сатеска се влева во Охридското Езеро, запленети се близу 200 килограми марихуана. Лицето кое ја носело дрогата со кајче успеало да избега, полицијата вели трага по него.

    Според првичните сознанија, дрогата најверојатно со чамец била донесена од Албанија и кога требало да биде истоварена на струшкиот брег лицето што ја превезувало било забележано од полициски службеници и избегало.

    Ова е најголемата количина марихуана запленета во Охридско-Струшкиот Регион во последниве три години.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира