200 СТРУМИЧКИ ТУТУНАРИ НЕ ГИ ДОБИЛЕ ЛАНСКИТЕ СУБВЕНЦИИ, А ПЛАТИЛЕ ДАВАЧКИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    200 СТРУМИЧКИ ТУТУНАРИ НЕ ГИ ДОБИЛЕ ЛАНСКИТЕ СУБВЕНЦИИ, А ПЛАТИЛЕ ДАВАЧКИ

    Околу 200 струмички тутунопроизводители сѐ уште ги немат добиено субвенциите од лани. Тутунарите реагираат дека им биле подмирени сите давачки кон државата, но на нивните сметки ја немало премијата од 60 денари за предаден килограм тутун.

    „Имам предадено околу 450 килограми тутун, но субвенции сѐ уште немам добиено. Ми кажаа дека сум должел за воден надоместок. Го платив, но субвенции сѐ уште немам добиено“, вели производител од село Сушица.

    Ова го потврди и Здружението на тутунопроизводители Јака од Струмица, со апел надлежните да интервенираат и да ги исплатат субвенциите за оние произвдоители кои си ги ги подмириле долговите.

    „Станува збор за околу 200 тутунари кои навремено не ги подмириле давачките кон државата за 2015. Ги платиле оваа година, во април, мај и јуни. Дали и кога ќе им биде исплатена премијата не знаеме“, вели Станчо Андонов од здружението Јака. На прашањето зошто нема пребивање на долговите со субвенциите, тој одоговори дека оваа законска регулатива важи од годинава.

    Од Платежната агенција велат дека субвенциите за тутун од ланската реколта ќе бидат исплатени ако се утврди дека тутунопроизводителите ги имаат регулирано сите давачки по основ на воден надоместок, користење државно земјиште или пашарина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира