24-ЧАСОВНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И МОНИТОРИНГ ЗА ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛА

    24-ЧАСОВНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И МОНИТОРИНГ ЗА ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛАОфицерски дом продолжи да се руинира, иако уште претходната локална власт склучила договор за негово обезбедување (Фото: СДК)

    Општина Битола распиша тендер за 24-часовно обезбедување и мониторинг на Офицерскиот дом, споменик на културата од прва категорија. Целта е да се заштити објектот од натамошно оштетување, демолирање, како и од влегување на несовесни граѓани во внатрешноста.

    Од Општината велат дека ова не е прв објавен тендер за обезбедување на Офицерскиот дом и дека тој веќе има 24-часовно обезбедување и мониторинг. Новиот тендер се распишува за следниот период, со цел Офицерскиот дом да има континуирана заштита и да не дојде до вакуум простор во обезбедувањето на објектот, откако ќе заврши постоечкиот договор.

    Дознаваме дека договор за обезбедување на Офицерскиот дом бил склучен уште во времето на претходната локална власт. И покрај тоа, објектот продолжи да се руинира. Денес е со оштетена и ишчкртана фасада, искршени врати и прозорци и со откорнати електрична инсталација и паркет. Воедно, пред неколку недели, непознато лице влезе во Домот и запали оган, но, за среќа, беше навремено изгаснат.

    Поради руинираноста на објектот, против ексградоначалникот Владимир Талески се води судска постапка по обвинението за недоволна грижа за Офицерскиот дом.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира