инатата година, родот на сончогледот во Македонија изнесувал 15.000 тони, од кои велешката фабрика за масло „Маслодајна“ откупила 11.000. Остатокот од 4.000 тони завршил како сончоглед за грицкање, информираа земјоделците.
„Овие 4.000 тони се род од малите производители, кој се користи како сончоглед за грицкање. Тоа количество во голем дел заврши како извоз во Косово“, кажа Никола Петковски, претседателот на Здружението на производителите на сончоглед.
Задоволни од ланската откупна цена, земјоделците најавија дека годинава ќе има 20 отсто повеќе површини засеани со сончоглед, бидејќи постои сигурност дека родот ќе биде откупен.
П. ПЕЧКОВ