Маж на 40-годишна возраст се самозапали денеска околу пладне пред Трговскиот центар во Кочани, објави државната агенција МИА. Според очевидци, тој се полеал со бензин, по што извадил запалка и се запалил.
Минувачи веднаш реагирале и со противпожарни апарати од блиските дуќани се обиделе да му помогнат и да го изгаснат пламенот. Повикани биле и екипи на Противпожарната единица и на Брза помош, по што лицето биле пренесено во Кочанската болница, но поради сериозноста на повредите бил итно префрлен на клиниките во Скопје.