88-ГОДИШЕН ОХРИЃАНЕЦ ПОЧИНА СО КОМПЛИКАЦИИ ОД КОВИД-19, ВО ОХРИД ИМА 42 АКТИВНИ СЛУЧАИ

    88-ГОДИШЕН ОХРИЃАНЕЦ ПОЧИНА СО КОМПЛИКАЦИИ ОД КОВИД-19, ВО ОХРИД ИМА 42 АКТИВНИ СЛУЧАИНа Инфективното одделение во Охридската болница има 9 хоспитализирани со коронавирус. (Фото: СДК.МК)

    88-годишен охриѓанец вчера почина од КОВИД-19, а во Охрид има 42 активни случаи, соопшти Центарот за јавно здравје. Во градот има 25 болни на домашно лекување и 9 хоспитализирани, а во Струга 22 пациенти се на домашно лекување и 4 хоспитализирани.

    Екипи на Центарот за јавно здравје во периодот од 6 до 12 јуни зеле брисови од вкупно 175 лица, од кои во општина Охрид позитивни на КОВИД-19 се 34 лица, од Струга 26, а во Дебар 3.

    „Материјали (брис од грло и нос) за тестирање на присуство на КОВИД-19 земени се од вкупно 175 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 101 лице, во Струга и Вевчани 59, а во Дебар и Центар Жупа 15. Од вкупно земените материјали, 83 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) и тоа Охрид и Дебрца 51, Струга и Вевчани 17, Дебар и Центар Жупа 15, а 92 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар со Мој термин и тоа Охрид и Дебрца 50, Струга и Вевчани 42, Дебар и Центар Жупа 0. Активни случаи во Охрид се 42, во Струга 46, а во Дебар 5. Под здравствен надзор од 14 дена во Охрид се 158 лица, во Струга се 103 лица”, кажаа од Центарот за јавно здравје во Охрид.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира