93-ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ ИЗГОРЕ ВО ПОЖАР ВО СТАН, ВО ВИСОКОКАТНИЦАТА НЕ РАБОТЕЛА ХИДРАНТСКАТА МРЕЖА

    93-ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ ИЗГОРЕ ВО ПОЖАР ВО СТАН, ВО ВИСОКОКАТНИЦАТА НЕ РАБОТЕЛА ХИДРАНТСКАТА МРЕЖАПожарникарите гаснеле пет часа поради висината на катот каде настанал пожарот, чадот и високата температура што се развила. (Фото: СДК.МК)

    93-годишен битолчанец изгоре при пожар во стан на 11. кат во висококатница на булевар Први мај во Битола, а неговиот син со кого живееле заедно и другите станари во зградата успеале да се спасат. Изгорен е станот во кој живеел повозрасниот битолчанец, а од високата температура и чадот оштетени се вратите и исчадени се просториите на околните станови. Пожарот се случил утрово нешто пред пет часот.

    „Како станари, во четири часот наутро едни со други се будевме за да не настане уште поголема катастрофа. Имаше голем чад, внатре гореше стан, се ширеше чадот низ скалите и низ лифтовите, сами се обидуваме да слеземе долу. Веднаш дојде пожарна, пет возила, спроведуваа црева оти спратот беше многу висок, си ја вршеа работата како што треба. Многу лошо беше зашто не финкционираше хидрантната мрежа во зградата “, велат станари од зградата.

    Висококатницата нема ни противпожарни скали. (Фото: СДК.МК)

    Поради висината на катот каде настанал пожарот, чадот и високата температура што се развила, пожарникарите гаснеле пет часа.

    Биле вклучени пет возила и над триесет пожарникари. Зградата нема ни противпожарни скали.

    „Тешко беше, имавме проблем со вода да однeсеш до 11. кат со пумпите од возилата. Со чадовлекачи го истргавме чадот и ги излековме луѓето од 12 кат. Внатре беше развиена висока температура од 1.200 до 1.500 степени. Поради тоа, гасневме двајца пожарникари пет до седум минути да гаснат, па се менуваа други двајца, чадеше на сите страни, пареата гореше“, вели Горан Димковски, командир на Битолската противпожарна единица.

    Неофицијално, пожарот настанал од грејно тело поставено во спалната соба од станот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира