АДВОКАТСКАТА УЛИЦА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЌЕ СТАНЕ ЕДНОНАСОЧНА

    АДВОКАТСКАТА УЛИЦА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЌЕ СТАНЕ ЕДНОНАСОЧНАДозволено ќе биде движење на возила во правец од булеварот Крсте Петков Мисирков кон улицата Филип Втори Македонски. (Фото: Општина Центар)

    Улицата Свети Климент Охридски или позната како Адвокатска улица во центарот на Скопје ќе стане еднонасочна. Општина Центар во координација со екипите на Град Скопје денеска почна со поставување вертикална сообраќајна сигнализација за воведување еднонасочен сообраќаен режим за поголема безбедност во овој дел од градот.

    Дозволено ќе биде движење на возила во правец од булеварот Крсте Петков Мисирков кон улицата Филип Втори Македонски.

    „Со поставување на нови сообраќајни знаци во овој дел ќе се овозможи регулирање и намалување на сообраќајот, како и зголемена безбедност за сите учесниците во сообраќајот, особено за учениците од локалното училиште“, велат од Општина Центар.

    Во текот на денешниот ден ќе бидат поставени новите сообраќјни знаци и од утре ќе важи новиот режим на сообраќај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира