АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА ЈА ОДОБРИ ЗА КОРИСТЕЊЕ ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ОД ВОДОВОДОТ ВО ШТИП

    АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА ЈА ОДОБРИ ЗА КОРИСТЕЊЕ ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ОД ВОДОВОДОТ ВО ШТИППо пет дена снабдување со вода од цистерни, во Штип се нормализира водоснабдувањето. (Фото: СДК.МК)

    Агенцијата за храна и ветеринарство денеска ја одобри за кристење водата за пиење од водоводниот систем во Штип, откако жителите 5 дена се снабдуваа со цистерни. Врз основа на анализите направени од лабораториите во земјата и странство по барањето на Општината Штип, Агенцијата на филтер-станицата и на ЈП „Исар“ во Штип им го достави известувањето дека водата од водоводниот систем во градот е здрава и чиста и може да се користи.

    Пред 5 дена, иако сите дневни анализи покажале дека водата е исправна, „Исар“ од превентивни причини препорача водата да не се користи за пиење и готвење туку само за техничка употреба, оти поради прифаќањето и преработувањето на водата од Хидросистемот „Злетовица“ се подесуваат системите за хлорирање.

    „Штип, сега слободно може комбинирано да преработува вода од досегашните бунари во Штип и од ‘Злетовица’, кој во прва фаза ќе стартува со испорака на вода од 180 литри вода во секунда, а филтер-станицата може да прима и преработува над 300 литри вода во секунда. Штип, во однос на останатите соседни градови, со новата и софистицирана опрема што ја има во филтер-станицата сега е во позиција да филтрира и целосно преработува комбинирана вода и од штипските бунари и од ‘Злетовица’, со што го решава проблемот со водоснабдувањето најмалку за 50 години“, рече градоначалникот Иван Јорданов денеска кога го презентираше известувањето од Агенцијата за храна и ветеринарство.

    Локалните власти најавија дека во наредниот период Штип ќе се потпре најмногу, ако не и исклучиво на водата од „Злетовица“, затоа што дистрибуцијата на водата од штипските бунари троши огромно количетво струја. Сметката само за јануари е 19 милиони денари. Анализите покажале дека трошоците за струја и преработката на водата од „Злетовица“ ќе го чинат градот до 7 милиони денари или најмногу половина од досегашниот трошок.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира