АКТЕРОТ БОРИС ЧОРЕВСКИ ЈА ПОДИГНА НАГРАДАТА „4 НОЕМВРИ“ СО ПЕСНА ЗА ЉУБОВТА И СРУШЕНИОТ ПЕКМЕЗ ПАЗАР

    АКТЕРОТ БОРИС ЧОРЕВСКИ ЈА ПОДИГНА НАГРАДАТА „4 НОЕМВРИ“ СО ПЕСНА ЗА ЉУБОВТА И СРУШЕНИОТ ПЕКМЕЗ ПАЗАРНаградата му се додели за актерско мајсторство и оставањето голем белег врз театарскиот живот.(Фото: СДК.МК)

    На актерот Борис Черевски, доајен на Народен театар од Битола, вечерва му беше врачена наградата за животно дело ,,4 Ноември”, која традиционално секоја година ја доделува Општина Битола на Денот на ослободувањето на градот. Наградата му се додели за актерско мајсторство и оставањето голем белег врз театарскиот живот.

    Чоревски на сцената се заблагодари за наградата и прочита песна од негов пријател посветена на љубовта и животот во некогашниот Пекмез пазар кој е избришан од ликот на Битола кога пред повеќе децении беа срушени дуќаните за да се изгради паркот околу Саат кулата.

    Публиката го поздрави со голем аплауз, а тој им изрази почит држејќи ги рацете на срцето.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира