АКТЕРОТ ДИМИТРИЈА ДОКСЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ „БРАЌА МАНАКИ“ ВО БИТОЛА

    АКТЕРОТ ДИМИТРИЈА ДОКСЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ „БРАЌА МАНАКИ“ ВО БИТОЛАДоксевски е член на ансалмблот на Драмскиот театар во Скопје. (Фото: Фејсбук)

    Актерот Димитрија Доксевски е избран за нов директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, соопшти Друштвото на филмски работници (ДФРМ). Доксевски е избран на денешното свечено собрание на ДФРМ, со мандат од две години. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор, Симеон Мони Дамевски, кој два мандата беше на оваа функција.

    „Димитрија Доксевски ја презентираше предлог-програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера“, соопшти ДФРМ.

    Доксевски (41) е филмски и театарски актер, сценарист и продуцент. Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје во 2006  во класата на проф. Кирил Ристоски, а во 2014 магистрирал режија на истиот факултет во класата на проф. Слободан Унковски.

    Својата професионална кариера ја започнал во Македонскиот народен театар (МНТ) во 2006 сѐ до 2011. Продолжил кратко да работи во Кумановскиот театар во прериодот од 2011 до 2013, по што во 2014 година се приклучил на ансамблот на Драмски театар Скопје и таму до денес е активен член. Покрај настапите на матичната сцена, Доксевски има учествувано и во претстави на други театарски сцени низ земјава, како и во филмски и телевизиски проекти во и надвор од Македонија.

    Учествувал во организирање и продуцирање повеќе театарски претстави, организирање на повеќе од 20 музички настани со артисти од целиот свет, продуцирање и организација на 2 големи музички фестивали на отворено со повеќе од 20 интернационални изведувачи, продуцирање и реализација на кратки филмови, играни видеа за деца и театарски претстави.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира