АКТИВИСТИТЕ ЈА ПРОСЛАВИЈА ДОБИЕНАТА БИТКА ПРОТИВ ИЗГРАДБА НА РУДНИК ВО ИЛОВИЦА

    АКТИВИСТИТЕ ЈА ПРОСЛАВИЈА ДОБИЕНАТА БИТКА ПРОТИВ ИЗГРАДБА НА РУДНИК ВО ИЛОВИЦАСо оро и песна активистите ја прославуваа одлуката на Владата да му ја одземе концесијата на ,,Еуромакс рисорсис’’ за експлоатација на металични минерални суровини на Огражден. (Фото: СДК.МК)

    Активистите против рудници од Југоистокот се собраа на планината Огражден кај населеното место Иловица и ја славеа победата по тригодишната борба против изградба на рудник за бакар и злато на ова локација. Со оро и песна ја прославуваа одлуката на Владата да му ја одземе концесијата на ,,Еуромакс рисорсис’’ за експлоатација на металични минерални суровини на Огражден, што беше основна цел на членовите на здруженијата ,,Здрава котлина’’ и ,,Еко долина’’ кои во изминатиов период со низа протести, реагираа на можното  отворање рудник со површински коп.

    Од денешното славје говорниците упатија и пораки до месното населени и сите граѓани да бидат внимателни во иднина бидејки како што кажаа ‘профитерите‘ секогаш ќе настојуваат да отворат рудник на Огражден.

    „Сакам аманет да ви оставам. После одредено време, нека очекуваат младите, дека овој проблем повторно ќе воскресне, тоа злато овде, повторно ќе ги привлече профитерите кои  единствено мислаат на пари, а не за човечките животи. Затоа бидете претпазливи и сетете се на моите зборови дека  сме успеале еднаш да си го одбраниме местово. Оваа борба што ја добивме, нека биде поттик за вас, тогаш кога ќе се појават нови моќници“, рече дедо Ило од Штука,  еден од најстарите активисти за борба против изградба на рудник над Иловица.

    Владата овој месец донесе одлука за еднострано раскинување на договорот за концесија на „Еуромакс рисорсис“ со објаснување дека концесионерот нема поднесено барање со целокупната  неопходна документација за издавање на дозвола за експлотација на минерални суровини во рок од четири години по склучување на договорот.

    Концесионерот најави тужба пред меѓународен суд, сметајки дека одлуката на Владата е политичка и дека правните аргументи се на нивна страна

    Договорот за концесија за Иловица беше склучен во 2012 година за време на претходната Влада меѓу тогашниот министер за економија Ваљон Сарачини  и компанијата ,,Фелпс доџ Вардар’’ која потоа ја купи ,,Еруомакс рисорсис’’ со која компанија пак беше усогласен договорот, со потпис  од тогашниот министер за економија Беким Незири.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира