АЛБАНСКИ ФУДБАЛСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ДОБИ МУРАЛ ВО ТЕТОВО НА ЅИДОТ НА СПОРТСКА САЛА

    АЛБАНСКИ ФУДБАЛСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ДОБИ МУРАЛ ВО ТЕТОВО НА ЅИДОТ НА СПОРТСКА САЛАНедим Бајрами игра за Глазгов Ренџерс, неговиот татко е од Тетово, а мајка му е од Гостивар (Фото: Општина Тетово)

    На ѕидот на спортската сала во средното училиште „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово е нацртан голем мурал со ликот на фудбалерот Недим Бајрами. Роден во Швајцарија, Бајрами игра за Глазгов Ренџерс и за репрезентацијата на Албанија. Неговиот татко по потекло е од Тетово, а мајка му е од Гостивар.

    Општина Тетово, која беше организатор на промоцијата, во поканата за настанот назначи дека „на Бајрами му се изразува посебна благодарност за достигнувањата и достоинствено претставување на нашата земја“.

    Радосен сум што сум тука. Ова е посебен ден за мене и моето семејство. На младите кои се занимаваат со спорт им посакувам многу успех, не само во спортот, туку и на училиште, бидејќи тоа е важно“, порача Бајрами на презентацијата на муралот.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира