Американската амбасадорка Кејт Брнз и градоначалникот на скопската општина Чаир Висар Ганиу денеска го промовираа плоштадот Вудро Вилсон, соопшти Општина Чаир.
Плоштадот е именуван по 28. претседател на САД, откако пред три години, Општина Чаир се збратими со градот Стаунтон, родното место на Вилсон, една од најславните личности на американската политика, кој се бореше за еднаквост на малите народи не само на Балканот.
По збратимувањето следуваше поставувањето на бистата на американскиот претседател во општина Чаир, која беше заокружена со изградбата на Плоштадот Вудро Вилсон пред општинскиот административен објект.
Овој плоштад, поплочен со природен гранит, се состои од амфитеатар со 80 седишта, сцена и фонтана.