Во Кавадарци повторно е во функција апаратот за мерење на присуството на суспендирани честички со големина од десет микрометри во воздухот кој неколку дена не работеше, а за чиј застој реагираа од еколошкото друштво “Еко-живот” од Кавадарци.
„Апаратот е поправен, сервисиран и калибриран“, рекоа денеска сервисерите кои работеа на лице место, во мерната станица во Кавадарци.
Од нив дознавме дека сервисиран и калибриран е и апаратот за мерење на присуството на јаглероден моноксид во водзухот.
„Мора да се напомене дека е потребна стабилизација на инструментите и веќе од утре може да се следат вредностите кои ги покажувааат овие апарати“, нагласија стручните лица од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Веќе подолго време Кавадарци важи за еден од најзагадените градови во државата, особено во овој период од годината.
АПАРАТОТ ПОПРАВЕН, ПОВТОРНО СЕ МЕРИ КОЛИЧЕСТВОТО НА ПМ-10 ЧЕСТИЧКИ ВО КАВАДАРЦИ
a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)
Содржината на текстовите во категоријата Дописна мрежа е единствена одговорност на www.sdk.mk и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.