АРСОВСКА Е НАЈНЕСПОСОБНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ИСТОРИЈАТА, ВЕЛИ ВМРО-ДПМНЕ ЕДНА ГОДИНА ОТКАКО ПАРТИЈАТА ГО БЕТОНИРАШЕ ШИЛЕГОВ КАКО НАЈНЕСПОСОБЕН ГРАДОНАЧАЛНИК

    АРСОВСКА Е НАЈНЕСПОСОБНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ВО ИСТОРИЈАТА, ВЕЛИ ВМРО-ДПМНЕ ЕДНА ГОДИНА ОТКАКО ПАРТИЈАТА ГО БЕТОНИРАШЕ ШИЛЕГОВ КАКО НАЈНЕСПОСОБЕН ГРАДОНАЧАЛНИКАрсовска победи на локалните избори лани како независна кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. - Од промоцијата на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ на 12 октомври 2021 (Фото: Фејсбук профил на Христијан Мицкоски)

    ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека Данела Арсовска влегла во историјата како најнеспособниот градоначалник и единствена на која ѝ успеало да банкротира претпријатие, една година откако го „бетонираше“ претходникот на Арсовска, Петре Шилегов, за најнеспособен градоначалник.

    „Арсовска влезе во историјата како најнеспособниот градоначалник и единствена на која и успеало да банкротира претпријатие. Таа треба да си поднесе оставка зошто е неспособна и ги измами скопјани“, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ откако Скопје остана без јавен превоз поради неисплатени плати за вработените во ЈСП Скопје.

    Арсовска победи на локалните избори лани како независна кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Во предизборната кампања, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека Данела Арсовска е вистинскиот избор за градоначалник на Скопје и побара од граѓаните да гласаат за Арсовска „за модерно Скопје, за Скопје со многу проекти за секого. За човек кој ќе биде менаџер на градот“.

    Претходно во кампањата, партијата го прогласи Шилегов за најнеспособен градоначалник.

    „Шилегов се бетонираше како најнеуспешен градоначалник. Со секој негов изминат ден како градоначалник Скопје, Скопје претрпува нови бламажи“, кажа тогаш партиската портпаролка Марија Митева.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира