Скопската градоначалничка Данела Арсовска ја назначи Бујаре Абази, советничка во Советот на Град Скопје од редовите на Алијанса за Албанците, за заменик-градоначалничка.
„Арсовска денеска свечено го врачи решението, при што на средбата со Абази дискутираа за идната соработка и за предизвиците со кои се соочува Градот. Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а има и дополнително високо образование како дипломиран економист”, соопштија од кабинетот на Арсовска.
А. АНТЕВСКА