АРСОВСКА НЕ ОЧЕКУВАЛА ОЛКУ ГОЛЕМА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА, ЗАТОА ВЕТИЛА БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ

    АРСОВСКА НЕ ОЧЕКУВАЛА ОЛКУ ГОЛЕМА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА, ЗАТОА ВЕТИЛА БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗБесплатниот автобуски превоз беше главен проект кој Арсовска го вети во изборната кампања. (Фото: Фејсбук)

    Скопската градоначалничка Данела Арсовска вели дека сè додека не се надмине енергетската криза не може да каже кога ќе го реализира ветувањето за бесплатен јавен автобуски превоз во градот. Во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, таа кажа дека никој не очекувал да се случи олку голема енергетска криза и високите цени на енергенсите многу го оптоваруваат буџетот на Град Скопје.

    „Чесно е да кажеме дека олку голема енергетска криза никој не очекуваше. Цените на енергенсите, на нафтените деривати, на мазутот, се толку високи во овој момент и ова што сега го правиме е практично нешто што многу го оптоварува буџетот на Град Скопје. Работиме во таа насока, меѓутоа сè додека не ја надминеме кризата, сега во овој момент не можам да кажам во која фаза ќе се реализира. Но, сè што беше ставено во програмата ‘Модерно Скопје’ ќе се реализира, тоа е нашата цел“, изјави Арсовска.

    По доаѓањето на функцијата, Арсовска во декември кажа дека проектот за бесплатен јавен превоз кој го вети во предизборната кампања ќе се реализира за две години.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира