АРСОВСКА СЕ ПРЕМИСЛИ, ТОЧКАТА ЗА ФОРМИРАЊЕ АГЕНЦИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ ОД ДНЕВЕН РЕД

    АРСОВСКА СЕ ПРЕМИСЛИ, ТОЧКАТА ЗА ФОРМИРАЊЕ АГЕНЦИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ ОД ДНЕВЕН РЕДАрсовска сакаше да формира Агенција за обезбедување на објектите под надлежност на Градот за да се подигнат стандардите. (Фото: К. Попов)

    Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се предомисли и ја повлече од дневниот ред точката за формирање на Агенција за обезбедување. На почетокот на седницата, секретарот на Градот Ѓоко Велковски побара точката да се повлече заради доработка.

    Според идејата на градоначалничката Арсовска, Град Скопје требаше да формира Друштво со ограничена одговорност на едно лице (ДООЕЛ) за обезбедување на објектите кои се под надлежност на Град Скопје.

    Трговското друштво ќе врши приватно обезбедување на средните училишта и културните институции под надлежност на Град Скопје. На овој начин со централизирано уредување ќе се постигне поголема ефикасност во обезбедување на објектите и на безбедноста на учениците и вработените. Целта за основање на Друштвото за приватно обезбедување е да се подигнат стандардите и квалитетот на вршење на работата на обезбедување на имотот на Град Скопје“, се велеше во образложението на одлуката која денеска беше повлечена од разгледување и усвојување.

    Со години, Град Скопје за обезбедување на училиштата ангажира приватно обезбедување. Според последниот договор склучен лани во ноември, за едногодишно обезбедување на 23 средни училишта Градот плаќа 160.000 евра.

    Со основањето на Агенцијата за обезбедување со оглед на тоа дека под надлежност на Град Скопје се 23 средни училишта и неколку културни установи односно околу 30 објекти, ќе треба да се вработат меѓу 60 и 100 лица.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира