АРСОВСКА ШЕТА НИЗ ЧАИР И ЛОВИ ДИВОГРАДБИ, ГО ПОВИКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГАНИУ ДА БИДЕ МАЖ И ДА ДОЈДЕ НА ЛОКАЦИЈАТА, А НЕ ДА Ѝ СЕ ЗАКАНУВА

    АРСОВСКА ШЕТА НИЗ ЧАИР И ЛОВИ ДИВОГРАДБИ, ГО ПОВИКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГАНИУ ДА БИДЕ МАЖ И ДА ДОЈДЕ НА ЛОКАЦИЈАТА, А НЕ ДА Ѝ СЕ ЗАКАНУВААрсовска посочи зграда која се гради во Чаир на државно земјиште, без градежна дозвола. (Фото: Принтскрин од видео на Фејсбук)

    Од утрово, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со екипи од Градот шета низ Општина Чаир и лови дивоградби. Таа од локациите се вклучуваше во живо на нејзиниот фејсбук профил и го викаше градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу да дојде за да објасни како дозволува секаде низ неговата Општина да се гради на диво.

    Денеска на Висар му фативме две дивоградби. Еве, погледнете ја оваа градба што се гради на државно земјиште, без градежна дозвола и проект. Ние тука дојдовме по пријава на граѓани од соседната зграда, кои се вознемирени од градбата која буквално им е залепена до нивните прозорци. Граѓаните, бидејќи ова е државно земјиште, барале од Општината да направат парк, но сега се гради огромна дивиградба на површина од околу 3.000 метри квадратни. Нигде нема ни табла за да видиме кој е инвеститор. На државно земјиште без дозвола, некој ќе си направи зграда од милиони евра. Ајде Ганиу, ако си маж дојди, не се криј дечко, кажи како го дозволуваш на диво да се гради низ општината. Не ми праќај тука да ми доаѓаат луѓе со бесни коли и да ми се закануваат, не се плашам“, рече Арсовска додека шеташе на втората локација.

    Таа рече дека Град Скопје нема надлежност да урива објекти и затоа ништо не може да направи.

    За жал, од сите Општини само Градот нема ингеренции да урива дивоградби, Но, ти Висар можеш да ја урнеш. Ајде, дојди да ни кажеш како после ќе ја легализираш градбата, кога тоа законски не може, со Законот за легализација од 2016 година ли ќе го направиш тоа?“, рече Арсовска.

    Градоначалникот Висар Ганиу не одговараше на нашите телефонски повици да објасни како се гради без дозвола на овие локации кои ги посочи Арсовска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира