АСФАЛТОТ ШТО СЕ КОРНЕ ОД СКОПСКА РУЗВЕЛТОВА СЕ НОСИ ВО ЗООЛОШКА, ДИРЕКТОРОТ ВЕЛИ ГО ПОБАРАЛ ЗА ДА СЕ АСФАЛТИРААТ ДЕЛОВИ КОИ СЕ СО КАЛ

    АСФАЛТОТ ШТО СЕ КОРНЕ ОД СКОПСКА РУЗВЕЛТОВА СЕ НОСИ ВО ЗООЛОШКА, ДИРЕКТОРОТ ВЕЛИ ГО ПОБАРАЛ ЗА ДА СЕ АСФАЛТИРААТ ДЕЛОВИ КОИ СЕ СО КАЛПросторот кој требаше да биде ботаничка градина е затрупан со огромни купови гребен асфалт.(Фото: СДК.МК)

    Асфалтот кој што се корне при реконструкцијата на улицата Рузвелтова во Скопје со камиони се носи во Зоолошката градина. Граѓани испратија видео до САКАМДАКАЖАМ.МК во кое се гледа дека просторот кој требаше да биде ботаничка градина е затрупан со огромни купови гребен асфалт.

    Според спецификацијата на договорот објавен на страната на Бирото за јавни набавки, извадениот асфалт ќе се носи во депонијата „Дрисла“ за што се и пресметани трошоци за транспрот. Но, наместо на депонија асфалтот завршува во Зоолошката градина, која е на некоку метри од улицата.

    В. д. директорот на Зоолошка градина Зоран Попов вели дека на нивно барање асфалтот се носи во Зоолошка, за да се употреби за пополнување дупки и асфалтирање делови кои не се уредени и сега со со кал.

    Извадениот асфалт може повторно да се употреби и ние ќе го искористиме за уредување на некои делови од градината. Со тоа нема да имаме трошоци, а во Зоолошката ќе добие нови патеки за посетителите, кои досега не биле асрфалтирани и се калливи“, вели в. д. директорот Попов.

    Реконструкцијата на улицата Рузвелтова на потегот од булевар Партизански одреди до булевар Илинден ќе чини околу 190.000 евра. Работите ќе ги изведува фирмата „Топ Билд ДООЕЛ“

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира