Од денес линиите 25 А и 25 Б до Средно Водно ќе возат на секој половина час. Откако минатиот викенд имаше гужва во автобусите бидејќи линиите возеа на еден час, Град Скопје реши да пушти повеќе автобуси за Водно.
„Поради големиот интерес на граѓаните, автобусите на пробните линии 25 А и 25 Б до Средно Водно од овој викенд ќе сообраќаат според нов возен ред и ќе зачестат, односно ќе тргнуваат на половина час“, велат од Град Скопје.
Линијата број 25 A која тргнува од катната гаража на улица Свети Кирил и Методиј ќе вози по следниот возен ред:
Катна гаража Средно Водно
09:00 09:30
09:30 10:00
10:00 10:30
10:30 11:00
11:00 11:30
11:30 12:00
12:00 12:30
12:30 13:00
13:00 13:30
13:30 14:00
14:00 14:30
14:30 15:00
15:00 15:30
15:30 16:00
Пробната линија со број 25 Б која тргнува од Дом на печат ќе вози според следниов распоред.
Дом на печат Средно Водно
09:15 09:45
09:45 10:15
10:15 10:45
10:45 11:15
11:15 11:45
11:45 12:15
12:15 12:45
12:45 13:15
13:15 13:45
13:45 14:15
14:15 14:45
14:45 15:15
15:15 15:45
Градот Скопје од минатиот викенд воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно, која ќе важи секој викенд и за време на државните празници. Според планот, оваа забрана ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.