АВТОПАТОТ КАЈ ВЕЛЕС ДОБИ ЛЕД ОСВЕТЛУВАЊЕ

    АВТОПАТОТ КАЈ ВЕЛЕС ДОБИ ЛЕД ОСВЕТЛУВАЊЕПоставени се 101 канделабра со 140 светилки со ЛЕД технологија (Фото: СДК.МК)

    На делницата Велес-Градско на автопатот А1 во функција е пуштено ЛЕД осветлување. На мостот и клучката Велес-Југ се поставени 101 канделабра со 140 светилки со ЛЕД технологија, при што се осветлени 4.000 квадратни метри од патот.

    „Ова е првпат на некоја делница од автопатиштата во земјава да се постават ЛЕД светилки и најсовремени канделабри“, изјави Зоран Китанов, директорот на ЈП за државни патишта, при посетата на Велес.

    Осветлувањето пробно функционирало еден месец и откако немало забелешки, тоа е предадено во функција. За оваа намена, Јавното претпријатие за државни патишта потрошило 18.365.000 денари

    П. ПЕЧКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари