БАЧИЛАТА СЕ БЕЗ ВОДА, СТРУЈА И ПРИСТАП, ПА МЛЕКОТО ВЕДНАШ СЕ ЗАСИРУВА ОТИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЧУВА И ТРАНСПОРТИРА

    БАЧИЛАТА СЕ БЕЗ ВОДА, СТРУЈА И ПРИСТАП, ПА МЛЕКОТО ВЕДНАШ СЕ ЗАСИРУВА ОТИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЧУВА И ТРАНСПОРТИРАПоради запоставувањето на овчарството, од три милиони овци пред десетина години, годинава фондот паднал на само 500 илјади. (Фото: СДК.МК)

    Овчарите на лице месо, во планинските пазуви, на бачилата, млекото веднаш ги преработуваат во млечни преработки, оти поради лошите услови не може да се чува или транспортира. На ова се жалат македонските одгледувачи на овци. Бачилата во најголем дел се без струја, вода и со лоши пристапни патишта. Сопствениците бараат подобра инфраструктура.

    „Овчарството е најтешката гранка, која малкумина ја сакаат и работат, поради тешките услови и ниската профитабилност. Таму горе во планините, во бачилата не може да се чува млекото, нема струја, нема пат за да се дистрибуира. Затоа веднаш го засируваме. Лошите услови за работа и престој, се одразуваат и на се помалиот фонд на овци во земјава“, вели Моме Младеновски, претседател на Земјоделската задруга „Еко- овчеполка“.

    Поради запоставувањето на овчарството, од три милиони овци пред десетина години, годинава фондот паднал на само 500 илјади. Надлежните ветуваат дека со сет мерки ќе го надминуваат проблемот, за што биле обезбедени 30 милиони денари, средства од државниот Буџет.

    „Пред две години беа поделени 50 фотофолтаици. Наскоро за една седмица, преку ЈП за пасишта, ќе биде објавен тендер за набавка на нови фотоволтаици. Преку повикот ќе се доделат водопоила, црева за доставување на вода, во подрачја каде ја нема. Ќе има и средства за пробивање на патишта, до бачилата каде нема пристап“, кажа Трајан Димковски, заменик министер за земјоделие, при престојот во Велес.

    П. ПЕЧКОВ

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира