БИТОЛА УТРЕ ЌЕ ИМА СТРУЈА, ЕВН ГО ОДЛОЖИ НАЈАВЕНИОТ 7-ЧАСОВЕН ПРЕКИН ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИ

    БИТОЛА УТРЕ ЌЕ ИМА СТРУЈА, ЕВН ГО ОДЛОЖИ НАЈАВЕНИОТ 7-ЧАСОВЕН ПРЕКИН ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ВРЕМЕНСКИТЕ УСЛОВИЕВН го одложи најавениот прекин на струјата откако жителите се пожалија дека ќе немаат греење и ќе трпат бизнисите. (Фото: СДК.МК)

    За утре најавениот планиран прекин во снабдувањето со струја во делови од Битола, меѓу кои улиците Илинденска и Седми јули, е одложен, соопштија од ЕВН за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    „Планскиот прекин се одложува сè до подобрување на временските прилики. Во текот на утрешниот ден, корисниците на овие две улици ќе имаат нормално снабдување со електрична енергија“, се вели во известувањето до ЕВН.

    САКАМДАКАЖАМ.МК утрово објавидека на овие две улици се ставени лепенки дека на 26 декември ќе има плански прекин на струјата од 8: 30 до 15 часот. На ова реагираа граѓани кои живеат во тој дел од градот, со стотици домаќинства и фирми кои имаат дуќани, жалејќи се дека ќе нема со што да се згреат зашто градот нема огранизирано парно греење, а и бизнисите ќе трпат загуби.

    Попладнево, од ЕВН прво ни рекоа дека прекинот на струјата во Битола ќе биде поради реконструкција и модернизација на електричната мрежа и оти реконструкцијата и модернизацијата на мрежата е нивна секојдневна работа која се случува и во други делови на државата. На нашето укажување дека тоа се делови од градот кои нема како да се стоплат на друг начин, од ЕВН ни беше речено дека тоа е така и во другите делови до Македонија каде нема организирано греење, но мора да ја модернизираат и реконструираат мрежата.

    Неколку часа подоцна, ЕВН одлучи прекинот да го одложи за период кога ќе бидат подобри временските услови.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира