БИТОЛЧАНИ БАРААТ СИРОМАШНИТЕ ДА НЕ ОСТАНАТ БЕЗ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ОТИ ЗБИРАЛЕ ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛЧАНИ БАРААТ СИРОМАШНИТЕ ДА НЕ ОСТАНАТ БЕЗ СОЦИЈАЛНА ПОМОШ ОТИ ЗБИРАЛЕ ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА

    Иницијатива на сиромашните да не им се укинува социјалната помош поради ситни пари, кои ги заработиле од собирање пластични шишиња или на друг начин и кои задоцниле да ги пријават, покрена здружението на граѓани „Глобал“ од Битола, кое почна со собарање на потписи во центарот на градот. Барањето и петицијата за  укинување на казнените одредби од Законот за социјална заштита ќе ги испратат до надлежните институции.

    „Сметаме дека ваквите казнени одредби од законот се спротивни на Уставот. Во нив предвидено е од 6 до 12 месеци корисниците да го губат правото на социјална помош поради мали пари. Можам да наведам примери дека за 300, 500 или 800 денари, кои ги зеле за некои пластични шишиња или некој друг мал приход, го изгубиле правото за добивање социјална помош во одредени месеци“, вели Томе Крстевски од здружението „Глобал“.

    Тој вели дека социјалната помош им се  укинува и ако во рок од 15 дена не пријават промена на финансиската состојба, па макар да се работи и за мали суми пари. Крстевски вели дека до нив се обратил и социјален случај од Битола на кого му паднал телевизор на наградна игра,  па прашувал дали ако го подигне ќе му биде укината социјалната помош. Медиумите пред неколку години објавија дека на битолчанец му беше укината социјалната помош зашто на наградна игра му паднала веспа.

    Од здружението „Глобал“ велат дека дека минатата година од 400 приматели, на половината времено им било укинато правото да ја примаат социјалната помош поради ненавремено пријавени приходи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира