БИТОЛСКИТЕ СОВЕТНИЦИ СЕ КАРААТ КОЈ ПРВ ПРЕДЛОЖИЛ МЕРКИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛСКИТЕ СОВЕТНИЦИ СЕ КАРААТ КОЈ ПРВ ПРЕДЛОЖИЛ МЕРКИ ПРОТИВ  ЗАГАДУВАЊЕТО

    Воздухот раскара дел од советниците од Битола за тоа кој прв предложил мерки за заштита од загадувањето. Во петокот со ваков предлог истапи Наташа Петровска од СДСМ, кога расправата беше одложена за денес. На денешната седница пак, прво и се даде збор на Олга Лозановска од ВМРО ДПМНЕ да ги образложи мерките. Таа изјави дека мерките ги подготвила уште минатата недела, но претседателката била во Белград, па не можела да ги предложи. Од опозицијата пак обвинија дека ова е популизам.

    Двата концепта се разликуваат во тоа што опозицијата бара гасификација, а власта субвенции за пелети.

    „Ако сме биле искрени во ветувањата пред избори треба да почнеме со подготовка на проектна документација за поставување на терцијална мрежа“, рече Петровска од СДСМ.

    Во мерките на Лозановска се предлага субвенционирање на 6 милиони денари за домаќинствата да почнат да се греат на пелети.

    Се предлага и пренасочување на тешките товарни возила да се движат низ обиколницата, а не низ градот,  во училиштата и градинките да не се вадат децата на отворено и друго.

    Советниците од опозицијата го прашаа советничкото мнозинство дали пред избори се загрижува за воздухот, а во изминатите години не излегле ни еден протест за воздухот, нити пак предложиле мерки.

    „Очигледно не се запали светлото на совеста, туку светлото на локалните избори. Зарем не се сеќавате на изјавата на Талески дека ‘ништо не можеме против божјата милост и каков воздух создадовте, таков ќе дишите’. Вие заедно се смеевте кога Талески рече дека е модерно да се протестира, а сега се загриживте за воздухот“, рече Габриела Илиевска од ВМРО НП.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира