БЛАГОДАРИМЕ ЗДРАВСТВЕНИ И ТЕКСТИЛНИ РАБОТНИЦИ, ИСПИШАА ШТИПЈАНИ МЕСТО ТРАДИЦИОНАЛНОТО ИСКАЧУВАЊЕ НА ИСАРОТ

    БЛАГОДАРИМЕ ЗДРАВСТВЕНИ И ТЕКСТИЛНИ РАБОТНИЦИ, ИСПИШАА ШТИПЈАНИ МЕСТО ТРАДИЦИОНАЛНОТО ИСКАЧУВАЊЕ НА ИСАРОТПлатната со испишана благодарност кон здравствените и текстилните работници се закачени на мостот што води кон Исарот на главната влезна улица во Штип (Фото: СДК.МК)

    Штипјани ја почитуваа препораката денеска да не се искачуваат на Исарот за да нема масовни собири, како заштитна мерка од ширењето на коронавирусот. Граѓаните навреме беа информирани дека превентивно се одлага масовното искачување на Исарот, што секоја година се прави на 22 март за  Денот на пролетта и за Денот на светите 40 маченици.

    Традиција беше кога кога ќе се искачиш на врвот да фрлиш 40 каменчиња кон реката Брегалница, а при слегувањето од тврдината да направиш 40 ракувања со познатите. Оваа традиција пред четири години од УНЕСКО беше ставена во светската листа на нематеријално културно богатсво.

    Денеска не е забележано дека некој се обидува да се искачува, но за секој случај полициски и општински редарски служби ги затворија сите приоди кон Исарот, за да им објаснат на оние кои не знаеле за одлагањето дека се спречува масовното собирање. Се пропуштаа само граѓаните кои живеат во куќите под тврдината.

    Наместо искачување на Исарот штипјани на две платна напишаа „Благодариме здравствени и текстилни работници“ и ги поставија од двете страни на мостот што води за штипската тврдина.

    „Ова е во знак на почит кон најмасовна категорија работници кои во овој период на здравствена криза се грижат за здравјето на луѓето, и на текстилните работници кои деновиве сошија и донираа околу 30.000 заштитни маски на вработените во сите ангажирани институции околу заштитата од корона вирусот“, велат жителите од исарската населба.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира