БОГДАНОВИЌ ЌЕ ГИ УРИВА НАЈЛОНСКИТЕ ТЕРАСИ ПОСТАВЕНИ БЕЗ ДОЗВОЛА

    БОГДАНОВИЌ ЌЕ ГИ УРИВА НАЈЛОНСКИТЕ ТЕРАСИ ПОСТАВЕНИ БЕЗ ДОЗВОЛАОвластениот инспектор на општина Центар ќе санкционира пропусти доколку се работи без одобрение или на опремата е поставена на поголема квадратура од дозволеното, односно ќе добијат решенија за отстранување на урбаната опрема за зимскиот период нема да добијат ниту дозвола за поставување на летни тераси“, вели градоначалникот Саша Богдановиќ. (Фото: Општина Центар)

    Општина Центар ќе ги урива најлон терасите кои немаат дозвола за зимска сезона, најави градоначникот Саша Богдановиќ.

    Инспекторите од Општината на терен регистрирале неправилности односно дел од угостителите не сакале да им покажат елаборати и одобренија за поставување на урбана опрема во зимска сезона. Сега градоначалникот Саша Богдановиќ им доставил покани на сите кафеанџии во тек од неколку дена да му приложат дозволи за најлон терасите. Оние кои нема да го сторат тоа ќе бидат урнати и нема да може да постават ниту летни тераси во наредните 6 месеци.

    „Почнавме заедничка акција заедно со Пазарна инспекција, Министерството за животна средина и инспектор за животна средина, за воведување ред во поставување на урбана опрема пред угостителските објекти. Ќе бидат санкционирани сите сопственици кои немаат добиено одобрение за урбана опрема за зимската сезона, а Пазарниот инспектор може и да ги затвори. Овластениот инспектор на општина Центар ќе санкционира пропусти доколку се работи без одобрение или на опремата е поставена на поголема квадратура од дозволеното. Сопствениците на угостителските објекти кои ќе добијат решенија за отстранување на урбаната опрема за зимскиот период нема да добијат ниту дозвола за поставување на летни тераси“, вели градоначалникот Саша Богдановиќ.

    Минатата недела покани биле доставени за угостителите на улица Ленинова, а во наредниот период вакви покани ќе добијат и сите кафеанџии од Центар.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира