БОГОЕВ ВЕЌЕ НЕМА ДА ДАВА 620 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА КОШАРКАРСКИОТ КЛУБ КАРПОШ СОКОЛИ КАКО ШТО ДАВАШЕ ЈАКИМОВСКИ

    БОГОЕВ ВЕЌЕ НЕМА ДА ДАВА 620 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА КОШАРКАРСКИОТ КЛУБ КАРПОШ СОКОЛИ КАКО ШТО ДАВАШЕ ЈАКИМОВСКИЈакимовски минатата година дал 620.000 евра за Карпош Соколи, но градоначалникот Стефан Богоев вели дека таквата практика за помагање со буџетски пари на спортски клубови нема да ја продолжи. - Актуелниот и поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев и Стевчо Јакимовски

    Општина Карпош во 2018 година нема да дава финансиска помош на кошаркарскиот клуб Карпош Соколи, кој беше финансиран од ексградоначалникот Стевчо Јакимовски.

    Јакимовски минатата година дал 620.000 евра за Карпош Соколи, но градоначалникот Стефан Богоев вели дека таквата практика за помагање со буџетски пари на спортски клубови нема да ја продолжи. Тој вели дека ќе помагаат во спортот, но кај младинските категории и со многу помалку средства за разлика од оние пари кои се давале во времето на неговиот претходник.

    „Пари за ’Карпош Соколи не се предвидени со буџетот за наредната 2018 година. Минатата година за клубот биле дадени околу 620.000 евра. Како Општина ќе го помагаме спортот, но младинските категории на транспарентен и јавен начин. Ќе распишеме конкурс за помош на клубови, односно за нивните младински категории, со цел децата да имаат подобри услови за спортување. Клубовите кои ќе бидат избрани потоа ќе треба да достават целосен финансиски извештај како се искористени парите кои ќе добијат од Општината“, вели Богоев.

    Општина Центар, пак, за 2018 година има предвидено 490 илјади за кошаркарскиот клуб Работнички.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира