Во боксерскиот ринг две млади момчиња жестоко разменуваат удари. Времето е жешко, термометарот покажува 38 степени Целзиусови, низ лицата на младите боксери се слеваат реки од пот, но тоа воопшто не ги попречува во борбата во која даваат сè од себе за да извојуваат победа. Во тек е последното коло од пролетната сезона на Првата и Младинската лига во бокс во организација на Националната боксерска федерација на Македонија.
Околу поголема група посетители кои дошле да ги бодрат своите екипи или пак да присуствуваат на бокс натпревари кои во Тетово се права реткост. Боксерскиот ринг е поставен на отворено во дворот на тетовската гимназија во објектот покрај реката Пена.
„Решивме натпреварите да се одржат на отворено бидејќи Тетово нема спортска сала, а училишните спортски сали не се климатизирани па ако борбите се одржуваа во нив, сигурно ќе беше уште пожешко и полошо за натпревар. Да, топло е надвор но ова се млади момчиња, издржливи се и нема да има проблем што борбите се одржуваат на отворено. Битно ни е да се популаризира овој спорт. Првин се борбите во категориите кадети и јуниори и тие се натпреваруваат во младинската лига и се на возраст од 15 до 17 години, а оние боксери кои се со 17 и 18 години и над 18 години се натпреваруваат во Првата лига“, рече Фатон Салиу, претседател на боксерската федерација на Македонија.
Тој рече дека на на денешниов натпревар се пријавени 15 боксерски клубови. Во текот на годината има 8 кола, а ова денес е последното коло во пролетниот дел, по што натпреварите ќе продолжат наесен
З. АНДОНОВ