БОЛНИЧАР ОД БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУС, ХИРУРГ СО СИМПТОМИ

    БОЛНИЧАР ОД БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУС, ХИРУРГ СО СИМПТОМИВо Клиничката болница се лекуваат 26 пациенти со КОВИД-19 (Фото: СДК.МК)

    Болничар од Клиничката болница во Битола е позитивен на КОВИД-19, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Тој рече дека е направена епидемиолошка анкета и уште двајца други колеги на болничарот се во изолација, исто како и еден хирург од Болницата, кој има симптоми и ќе се тестира.

    Во Клиничката болница, која е Регионален КОВИД центар, се лекуваат 26 пациенти, повеќето од нив се од Охридско-струшкиот регион, со што капацитетот е пополнет.

    Бројот на заразени битолчани од почетокот на пандемијата е 31, од кои двајца починаа. Стотина битолчани се во изолација, соопштија од СВР Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира