БОЛНИТЕ СЕ ЗАДУШУВААТ ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"СКОПЈЕ,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БОЛНИТЕ СЕ ЗАДУШУВААТ ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО

    Зголемен број болни со респираторни и кардиоваскуларни болести во последниве десет дена се регистрирани и во болниците и во дежурните пунктови во Скопје.

    Матичните лекари велат дека имаат зголемен број болни со респираторни заболувања предизвикани од вирози и бактерии, кои почесто се комплицираат, бидејќи на општата состојба на организмот влијае и загадувањето и ниските температури. – Поглед на Скопје од Водно (Фото: Ѓ. Личовски)

    Лекарите велат дека последниве десетина дена, кога се спуштија надворешните температури, комбинирано со загадениот воздух и бидејќи е сезона на грип и вирози, се зголемил бројот на болни со болести на дишните патишта. Тие велат дека тоа најчесто се пациенти со хронични белодробни опструктивни болести и астма, но дека има и зголемен број болни со акутни белодробни заболувања.

    Повиците во брза помош од минатата недела наваму е зголемен за пет отсто во однос на вообичаениот број, а минатиот викенд имале и по 130 повици дневно.

    “Главно беа пациенти со хипертензии, астми, или респираторни заболувања што не се смируваат со пропишаната терапија, па мора ние да интервенираме. Минатиот викенд имавме и зголемен број на мозочни удари, дневно имавме од четири до пет  случаи. Вообичаено во овој период има од два до три нови мозочни удари. Деновиве бројот на повици во брза помош стивнува, но се уште има многу повици од болни со астма или со висок крвен притисок. И во ноќните служби и на дежурните пунктови доминираат болни со респираторни болести“, велат од Службата за итна медицинска помош.

    Матичните лекари велат дека имаат зголемен број пациенти со респираторни заболувања предизвикани од вирози и бактерии, кои почесто се комплицираат, бидејќи на општата состојба на организмот на пациентот влијае и загадувањето и ниските температури.

    (Ѓ.Личовски)

    (Поглед на Скопје од Водно. Фото: Ѓ. Личовски)

    Мерните станици на Министерството за животна средина и вчера покажаа високи концентрации на ПМ10 честичките во воздухот во Скопје, Битола, Кичево, Тетово, Велес, Кавадрци и Куманово. Според мерењата повторно најзагадено е во скопската населба  Гази Баба и кај Ректорат.

    Мерната станица кај Ректорат во 14 часот регистрирала загадување со ПМ10 од 400 микрограми на метар кубен, а максимално дозволеното пречекорување е 50 микрограми на метар кубен. Во Гази Баба во 14 часот се измерени 160 микрограми на метар кубен ПМ10, во Карпош 130, во Центар 116, а во Лисиче 100 микрограми на метар кубен.

    Е. БОЧВАРОСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира