БОЛНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ ДОБИ КОМПЈУТЕРСКИ ТОМОГРАФ ОД 400.000 ЕВРА ДОНИРАН ОД ЕУ

    БОЛНИЦАТА ВО КАВАДАРЦИ ДОБИ КОМПЈУТЕРСКИ ТОМОГРАФ ОД 400.000 ЕВРА ДОНИРАН ОД ЕУЗа првпат ваков апарат се инсталира во Општа болница Кавадарци (Фото: СДК.МК)

    Болницата во Кавадарци доби компјутерски томограф „филипс“, кој е донација од ЕУ. Тој е вреден 400.000 евра и има високи перформански.

    Апаратот е еден до најсовремените и најсофистицирани во светот. За првпат ваков апарат се инсталира во нашата болница. Докторите и рендген техничарите минаа низ соодветна обука и едукација, извршени беа мерења и добиена е дозвола за работа од страна на Дирекцијата за радијациона сигурност“, кажа Диме Коцев, директор на Општа болница Кавадарци.

    Со неговата употреба ќе се растоварат листите за чекање во другите болници.

    Компјутерскиот томограф отвора перспектива за навремено дијагностицирање на многу заболувања. Тоа е апарат со кој ќе се детектираат итни случаи и животно загрозувачки состојби на пациенти од централниот дел на Македонија“, изјави Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира