БОМБА ОД ГОЛЕМИТЕ ВОЈНИ СНИМЕНА НА 13 МЕТРИ ДЛАБОЧИНА ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

    БОМБА ОД ГОЛЕМИТЕ ВОЈНИ СНИМЕНА НА 13 МЕТРИ ДЛАБОЧИНА ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРОНуркачите кажуваат дека не може точно да се одреди типот на рачната бомба, но според формата може да се каже дека била во арсеналот на германската војска која на овие простори била стационирана во Првата и во Втората светска војна. (Фото: Акватек)

    Германска рачна бомба на длабочина од 13 метри и на 400 метри од брегот на Охридското Езеро снимија пред два дена нуркачите од Центарот за подводни активности „Акватек“.

    Нуркачите кажуваат дека не може точно да се одреди типот на рачната бомба, но според формата може да се каже дека била во арсеналот на германската војска која на овие простори била стационирана во Првата и во Втората светска војна.

    Првите поголеми количини на заостанати бомби од Првата светска војна во езерските води беа откриени пред десетина години. Најмногу кај помошното пристаниште во Охрид кај месноста Мазија, пред полициската станица во Пештани. Со неколку акции најголемиот дел од нив без извадени и уништени.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари